Дарио Ивановски со личен рекорд победи на полумаратонот во Белград

Белград, 22 април 2017 (МИА) – Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумартонската трка во склоп на 30.то издание на Белградски мартон што се одржа денеска во главниот град на Србија. 19-годишниот Ивановски триумфираше со време на нов личен рекорд - 1:10:00 час или го подобри своето најдобро време постигнато лани на Скопски маратон од 1:11.14 час.

- Презадоволен сум од постигнатиот резултат и од настапот, а голема благодарност и до мојот тренер Игор Јакимовски, кој исто така трчаше на оваа трка. Мал проблем претставуваше и ветрот, но се на се ова е одлично постигнување со поставен личен рекорд, истакна Ивановски.

Македонскиот атлетичар на убедлив начин стигна до првото место со 40 секунди предност пред второпласираниот Велимир Бојовиќ од Србија, а третиот Марко Ранковиќ исто така од Србија со време од 1:11.57 час.

На полумаратонската трка кај жените победи Слаѓана Перуновиќ од Србија – 1:21.40 час, а второто место и припадна на Наталија Грац од Полска, додека трета на целта стигна Александра Маринков (Србија).

На мартонската трка победи Стивен Кипнгетич Катам од Кенија со време 2:21.11 часа, додека кај жените најдобар резултат имаше Оливера Јевтиќ од Србија со време 2:38.00 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...