Ракометарите на Вардар по реванш против Флензбург

Флензбург, 22 април 2017 (МИА) – Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево го играат првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против германски Флензбург и ова им е шанса за реваншот за елиминацијата од пред четири сезони исто така во четвртфиналето во ова натпреварување. Флензбург беше поуспешен поради повеќе голови постигнати на гости откако вкупниот резултат беше 49:49.

Вардар изминативе сезони знаел да победи како гостин во дуелите со германските екипи: Рајн Некар Ловен, Хамбург. Неизвесно е само колку на теренот на денешениот дуел ќе биде Игор Карачиќ, кој изминативе денови беше болен и не тренираше со полн интензитет.

Во пресрет на првиот дуел голманот на Вардар Арпад Штербик рече дека дуелот со Флензбург нема да биде лесен и декасе надева на победа.

- Тука сме каде што посакувавме да бидеме. Флензбург е нашиот ривал во четвртфиналето, нема да ни биде лесно, особено што ова е екипа која е кандидат за титулата во Бундес лигата. Но, ние сезонава ја играме добро и затоа сметам дека имаме шанси, истакна Штербик.

Почетокот на дуелот е во 17:30 часот, а судии се Ненад Крстич и Петар Љубич од Словенија.

Во истиот термин денеска играат и Веспрем и Монпеље, додека утре се играат дуелите: Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...