Ракометарите на Вардар победија во првото четвртфинале против Флензбург

Флензбург, 22 април 2017 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Вардар постигна победа на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај бундеслигашот Флензбург со 26:24.

Македонскиот првак во 15-тата минута водеше со 6:5, а брзо потоа со серија од четири голови „црвено-црните“ водеа со 10:5. На полувреме Вардар имаше шест голови предност (15:9).

Во вториот дел македонскиот шампион во два наврати водеше со седум голови разлика (16:9 и 17:10), но Флензбург со две серии од 3:0 во 50. минута намали на 21:23. На крајот од натпреварот разликата остана два гола за нашиот тим.

Најефикасни кај „црвено-црните“ беа: Алекс Душебаев и Лука Циндриќ со по 5 голови, а голманот Арпад Штербик имаше 16 одбрани.

Реванш дуелот Вардар – Фелнзбург се игра во четврток (27 април) во СЦ „Јане Сандански“.

На вториот натпревар од четвртфиналето одигран попладнево Веспрем – Монпеље 26:23 . Утре се играат другите два четвртфинални натпревари Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...