Се собира „војската“ за Исланд

Новиот селектор Раул Гонзалез в недела го закажа стартот на подготовките за дуелите од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

Ракометниот календар следниве две недели ќе изобилува со настани кои се во категоријата врвни, а меѓу историската шанса на Вардар да оди на „Ф4“ во Келн и четвртиот настап на ЖРК Вардар на „Ф4“ во Будимпешта, закажани се и екстремно важните рарепрезентативни дуели со Исланд.

Два меча на сè или ништо за пласман на ЕП Хрватска. Двобој важен за цела генерација или цели генерации на македонски ракометари и репрезентативци. Раул Гонзалез својата деби акција и првиот собир со „црвено-жолтите“ ракометари во улога на селектор на Македонија ќе ја има во недела.

Во „Александар Палас“ треба да пристигнат 19 ракометари. Списокот во моментов брои 28 играчи, што значи дека деветмина ќе добијат статус на резервни. До крајов на неделава деталите од тој список веројатно ќе бидат решени. Претпоставуваме дека тоа ќе биде во петок, затоа што очекувано е поради важноста на натпреварот што ќе се игра во четврток во „Јане Сандански“, Раул Гонзалез да не се занимава со ништо друго пред да го одведе Вардар кон посакуваната цел.

Извесно на првиот собир нема да го видиме комплетниот интернационален список, со оглед на тоа дека Барселона во сабота вечер игра натпревар со Кил од Лигата на шампиони, но најавата е дека во понеделник репрезентацијата ќе биде комплетна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...