Вардар убедлив во дербито со Металург

Ракометарите на Вардар направија голем исчекор кон одбрана на шампионската титула, откако синоќа во реванш средбата од домашниот плејоф, на свој терен го победија Металург со 38:25 (20:13).

Сега Вардар и Металург се израмнети на табелата, но „црвено-црните“ имаат подобра меѓусебна гол разлика. До крајот на плејофот остануваат уште четири кола. На првиот меч во Автокоманда, Металург победи со 29:26.

Вардарци се пред освојување на 11 титула во домашното првенство што би бил трета титула по ред за нив.

На оваа средба само 20 минути траеше делумниот отпор на Металург. Гостите постојано ја форсираа играта „седум на шест" обидувајќи се на тој начин да добијат некоја предност кога се напад. Но, тоа многу не им помогна зашто во првото полувреме неколкупати примаа лесни голови.

Одбраната на Вардар се покажа како клучна во победата. Металург во 9. минута израмни на 5:5, а потоа Вардар постојано беше во водство. Во 21 минута Металург повторно намали на „минус 2" (13:11) и тоа е се што направи од аспект на резултатска неизвесност. Вардар со серија од 3:0 поведе со 16:11 и до крајот само ја зголемуваше разликата.

Во победничкиот состав најефикасен беше Тимур Дибиров со 8 гола, Игор Карачиќ постигна 7. Арпад Штербик мечот го заврши со 12 одбрани. Кај Металург најефикасен беше Немања Обрадовиќ со 8 погодоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...