Црвено-црн пекол и во арената „Ланксес“

Арената со капацитет од 19.500 седишта е скоро распродадена, а вардарци, според неофицијалната бројка, ќе имаат поддршка од околу 2.000 фанови.

Македонскиот првак Вардар на премиерата на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите на почетокот од јуни ќе има сериозен „ветар во едрата“, со оглед на тоа дека македонските ракометни фанови ќе ги обојат трибините во арената „Ланксес“. Вардаровите поддржувачи, по три сезони сонување заедно со своите миленици, конечно, ќе може не само да ја почувствуваат атмосферата во Келн туку и да ја креираат.

На 22 дена до Ф4, арената со капацитет од 19.500 седишта е скоро распродадена. Останати се само ВИП-билети, кои чинат скоро 300 евра во слободна продажба, на официјалниот сајт на ЕХФ. Инаку, цената на билетите се движеше од 75 евра за најевтините седишта (категорија 4), односно 155 евра за категорија 3, 215 евра чинеа оние од категорија 2, категоријата 1 чинеше 295 евра, додека премиум билетите се најскапи, со цена од 345 евра. На онлајн продажба едно лице можеше да купи најмногу четири билети.

ОД 500, САМО 50 БИЛЕТИ

Вардар, како еден од учесниците на Ф4, обезбеди 500 блок- билети за завршницата во најсилното европско клупско натпреварување за своите поддржувачи.

Продажбата започна на крајот од април, а за само две недели, од 500 билети што беа во онлајн продажната мрежа на тикетплус, останати се само уште 50-ина.

„Интересот е огромен. Од 500 билети, во продажба се останати уште 50-ина, но мислам дека до следната недела и тие ќе бидат продадени. Има голем број јавувања како од фирми така и од приватни лица“, не информираа од тикетплус.

ИСЕЛЕНИЦИТЕ КУПУВААТ НА ЦРНО

Македонските иселеници кои живеат во Германија и кои не успеале навремено да си набават билети за „фајнал-форот“, а сакаат да го поддржат Вардар, се на листата на чекање кај приватни лица кои имаат купено блок-билети и ги препродаваат на црно. Пријатели на „Македонски спорт“ во Келн не информираа за тоа.

„Директно на билетарницата во арената не информираа дека нема повеќе билети во слободна продажба. Неколку приватни лица купиле голем број билети, со оглед на тоа дека продажбата не беше ограничена, и тоа три недели пред да знаеме дека Вардар ќе игра со Барселона, во полуфиналето. Сега тие лица ги препродаваат билетите и тоа не само оние поевтините од 75 евра туку и билетите од 200 и 300 евра. На листа на чекање сме и се надевам дека ќе успееме да дојдеме до билети, бидејќи интересот, особено кај Македонците што живеат во Келн, а не успеале да купат како нас, е огромен“, вели Верче Јовчевска, Македонка која долги години живее и работи во Келн



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...