Вардарки во одбрана на двојната круна

Ракометарките на ЖРК Вардар, по една недела одмор, по исцрпниот Ф4-викенд во Лигата на шампионите, одново се враќаат во строј. Случувањата во најсилното европско клупско натпреварување „црвено-црните“ ги оставаат зад себе и сега треба да се насочат кон главниот фронт, домашното првенство и Купот, за да може следната сезона уште посилни да се вратат на европската сцена.

Вардарки ја имаат улогата на апсолутен фаворит на домашната сцена, но сите се свесни дека тоа е дел од обврските што мора да се одработат професионално и до крај.

Прво на агендата им е завршницата во Купот, која се игра веќе в петок и в сабота, во салата „Автокоманда“ во Скопје. Вардар во полуфиналето за противник ќе го има тимот на Гевгелија, додека во финалето би ја бранел титулата од подобриот меѓу Металург и Прилеп.

Што се однесува до првенствените дуели, и таму „црвено-црните“ дами ќе ги решаваат дилемите на Ф4. Односно според пропозициите, вардарки ќе почекаат да заврши регуларниот дел од првенството (уште едно коло до крајот) пред да ја пречекаат конкуренцијата, односно трите најдобри на табелата.

До крајот на месецов, екипата ќе ги комплетира сите обврски пред да следува периодот на пауза и на реструктуирање на редовите, со оглед на тоа дека голем број ракометарки од актуелниот состав ќе го напуштат македонскиот првак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...