Јотовски остана без финале во поединечна конкуренција во Добој

Добој, 27 мај 2017 (МИА) – Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Добој во поединечна конкуренција откако денеска загуби од четвртиот носител Фабрицио Оранџо од Италија со 2-0 во сетови (6:1 и 7:5 во гемови). Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе добие 6 поени, а ова е негов најдобар пласман досега во 2017 година.

Во мечот од полуфиналето за разлика од претходните дуели на овој турнир нашиот тенисер имаше само еден брејк на сервис на противникот од седум можности, додека ривалот имаше 4/8. Притоа во вториот сет Јотовски не успеа да искористи и 4-5 сет топки.

За Јотовски останува на овој турнир попладнево да го одигра и финалето во игра на двојки каде настапува заедно со младиот тенисер од Србија Милан Радојковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...