ВАРДАР ПРИСТИГНА ДОМА

Еуфорија и солзи за црвено- црните шампиони

Македонија денес е сплотена во едно додека се гордее со своите ракометни шампиони.

РК Вардар беше дочекан со еуфорија, солзи и громогласни овации од илјадници граѓани кои се најдоа на плоштадот „Македонија“ за да го пречекаат новиот европски шампион.

Спектакуларното доаѓање на нашите момци започна со поминувањето под порта „Македонија“ од каде црвено- црните се упатија кон бината. И покрај пропаѓањето на камион во фонтаната непосредно пред започнувањето на прославата, организаторот успеа да го подготви плоштадот за доаѓањето на нашите шампиони.

А, тие еуфорични како и нас, не можеа да го сокријат своето воодушевување од глетката. Тимот кој го остави срцето на теренот, беше топло поздравен од илјадници срца кои денес со гордост ја прославуваат неговата ракометна титула.

-Соништата се остваруваат! Ти благодарам Македонијо! Уживај во овој момент!, рече Лука Циндриќ кој беше заслужен за решавачкиот гол со кој ја соборивме големата Барселона.

Ништо помалку возбуден не беше ниту Иван Чупиќ, кој ја поздрави публиката со зборовите дека денес е горд што е Македонец.

Сопственикот и претседател на Вардар им се заблагодари на навивачите за поддршката што клубот ја имаше во текот на целата сезона.

- На почетокот на сезоната дојдоа нови играчи. Разговарав со Чипиќ кој ми рече: Шефе паметно работиш, ме зема мена за да ја освоиш Лигата на шампионите. Арпад ми рече пред тргнувањето во Келн да се правиме како да сме туристи, а да одиме таму за да го освоиме трофејот. И го освоивме. Сакам да ви кажам дека пред финалето, на состанок им кажав: Само нашите навивачи слушајте ги, друго ништо. Кај вас има посебна енергија и ние ја чувствуваме. И денеска кога доаѓавме од аеродром гледав многу луѓе со солзи радосници и со исполнети срца. Уште еднаш благодарам многу, ова е ваша заслуга, рече Самсоненко.

Н.В/И.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...