Супер глоуб е приоритет, откажан „Вардар трофеј“

Навивачите на Вардар, сепак, ќе мора да го почекаат стартот на сезоната за да може во живо да ги следат настапите на европскиот првак Вардар, откако вчера клубот и официјално потврди дека најавениот „Вардар трофеј“ за средината на август е откажан. Освојувањето на шампионската титула во Лигата на шампионите носи директно учество на ИХФ Супер глоуб, неофицијалното светско клупско првенство во Доха (25 – 28 август), што ги принуди „црвено-црните“ да направат сериозни турбуленции во својот подготвителен план.

Јасно е дека Супер глоуб е приоритет, па „Вардар трофеј“ падна во втор план, односно откако екипите учеснички што требаше да бидат дел од него, имаа разбирање за ситуацијата во која се најде Вардар, тој е откажан.

Ова е втор настан од августовската агенда на вардарци кој е откажан поради Супер глоуб, откако претходно македонскиот првак се повлече и од учеството на јубилејниот турнир на Веспрем, кој е во ист термин како и настапот во Доха.

Вардар ќе настапи на турнир во Гумерзбах од 11 до 14 август, а потоа за подобра аклиматизација за Катар ќе замине на 22 август, односно три дена пред почетокот на Супер глоуб.



Во Доха, покрај Вардар, ќе играат и Фуксе Берлин како актуелен победник, Ал Ахли (првак на Африка), Сиднеј Уни (првак на Океанија) и Пињериос (освојувач на Панамериканските игри). Вајлд картата што ја доделува ИХФ, најверојатно, ќе оди во рацете на ПСЖ, европскиот клупски вицепрвак, додека под прашалник се домашните претставници, како и азиските клубови со оглед на тоа дека од политички причини, дел од земјите ги прекинаа врските со Катар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...