Денес можност за дружење со Лазаров и другите македонски репрезентативци

Скопје, 17 јуни 2017 (МИА) - Во пресрет на клучниот натпревар против Чешка од квалификациите за пласман на Европското првенство Хрватска 2018, навивачите на Македонија денеска ќе имаат можност да се дружат со машката ракометна репрезентација.

Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и уште неколку репрезентативци ќе бидат на располагање за потпишување дресови, ќе се одржи од 12 до 13 часот во фан-шопот на РФМ на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Од РФМ информираат дека билетите за утрешниот натпревар меѓу селекциите на Македонија и Чешка се целосно распродадени.

- Би сакале да ги известиме сите фанови кои ќе ја бодрат македонската репрезентација од трибините, во ВИП арената „Борис Трајковски“, да дојдат минимум половина час пред почетокот на натпреваро, соопштија од РФМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...