Федерер во Хале ќе ја „кова“ формата за Вимблдон

Роџер Федерер вели дека неговата игра е „совршено погодена“ за трева и едвај чека да добие неколку мечеви на својот традиционален загревачки турнир за Вимблдон, Гери Вебер опен во германскиот Хале. Светскиот рекет број 5 загуби од својот стар пријател, 38-годишниот Томи Хас во првиот меч по кам-бекот во Штутгарт, а во Хале, каде што има осум титули, ќе започне против Тајванецот Лу Јен-Хсун.

Швајцарецот ја пропушти целата сезона на земја во обид да се подготви за „напад“ на осма титула на Вимблдон и вели дека не жали за одлуката, иако не верува дека ќе го повтори тоа.

„Кога се вратив во Швајцарија не се чувствував ментално и физички подготвен за Ролан Гарос, бидејќи големата цел за мене е Вимблдон и двата турнири во Штутгарт и Хале беа совршени за подготовка. Се повлеков од гренд слем турнир чувствувајќи дека тоа е вистинската одлука. Беше тешко да не се игра во Париз, но првпат се повлеков знаејќи дека не сум подготвен. Мислев дека Францускиот опен ќе има негативно влијание на мене“, вели Федерер.

Во отсуство на Федерер, Рафаел Надал имаше спектакуларна сезона на земја, победувајќи по 10-ти пат во Монте Карло, Барселона и Ролан Гарос, и Швајцарецот признава дека тој се запишал во историјата како најдобар играч на земја и еден од најдобрите на било која подлога.



Федерер исто верува дека Енди Мареј го очекува клучен втор дел од сезоната по повредите и слабата форма од јануари.

„Енди беше уморен откако стана број 1 на крајот на 2016 и беше нормално малку да падне во форма. Потоа имаше и повреди, кои не помогнаа, така што сега ќе биде подготвен за борба. Ќе биде интересно“, вели Федерер.

Швајцарецот ја започна годината фуриозно со титула на Австралискиот опен (негова 18-та гренд слем титула), пред да освои „сончева двојна титула“ во Индијан Велс и Мајами. Тој сега вели дека би било совршено да се компплетира и деветти триумф во Хале.

„Мислам дека играта ми е совршено погодена за трева, но откако загубив во првото коло во Штутгарт можеби имам причина да ги преиспитам целите и би требало да бидам среќен да го минам првото коло. Не сум сигурен. Искрено, сум играл толку добро во Хале, што доаѓам многу самоуверен. Годината беше одлична и во Штутгарт поразот не беше толку лош. Можеби тоа ми беше потребно“, вели Федерер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...