Лина се симна десет скалила подолу

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше пад за десет места на светската ВТА-листа и сега е на позицијата број 180 на ранг-листата на најдобри тенисерки на планетата. Во двојки, таа имаше назадување за 12 места, и сега е 128-ма.

Од македонските тенисерки на ВТА-листата, фигурира и Магдалена Стоилковска, која неделава ќе биде на 1.223. место во сингл, напредок за две места во однос на претходното рангирање. Во двојки, таа е на 1.269. место.

Кај мажите, нашите претставници имаа напредок. Нашиот рекет број 1, Томислав Јотовски, сега е на 759. место, напредок за девет места во однос на минатата недела. Димитар Грабул влезе меѓу најдобрите 1.000 и сега е на делба на 999. место. Горазд Србљак е 1.170-ми, што е напредок за две места, а Стефан Мицов неделава за 17 позиции го подобри својот ранг и сега е на делба на 2.037. место.

Во машки дубл, Јотовски е на 592. место, плус од пет позиции за разлика од минатата недела и тој е единствениот наш тенисер кој е во топ 1.000 во двојки. На листата ги има и Предраг Русевски (1.362.), Мицов (1.601.) и Србљак (1.614.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...