„Сопка“ за Мареј на Квинс, Федерер со сигурен старт

Светскиот рекет број 1, Енди Мареј, направи хуман гест и реши парите од наградниот фонд од Квинс клаб турнирот да ги донира за жртвите на пожарот во „Гренфел тауер“, облакодерот во Лондон. Меѓутоа, никој не сметаше дека освојувачот на последните две титули ќе донира само 15.223 долари по поразот во првото коло!

Мареј повторно покажа лоша игра, губејќи со 7:6(4)/6:2 од светскиот рекет број 90, Австралиецот Џордан Томпсон, тенисер кој загуби во второто коло на квалификациите на Квинс, во неделата, од Французинот Жереми Шарди, но доби шанса да игра против Мареј откако Британецот Аљаж Бедене се повлече поради повреда на зглобот. Во исто време, тој ја оствари најголемата победа во својата кариера.

Со стартот на Вимблдон на 3 јули, светскиот број 1, Мареј, се надеваше дека враќањето на омилената подлога, тревата, ќе биде „еликсир“ за проблемите што ги имаше со формата, меѓутоа, јасно е дека останува многу работа пред него. Мареј не успеа да искористи ниту една од трите брејк-топки и имаше само 9 директни победнички топки, освојувајќи само 54% од поените на прв сервис.

Со исфрлањето на Мареј, се комплетираше „егзодусот“ на првите носители на турнирот - вториот носител Стен Вавринка со 7:6/7:5 загуби од Фелисијано Лопез, додека третиот носител Милош Раонич со 7:6/7:6 беше шокиран од 21-годишниот Австралиец Танаси Кокинакис.

ФЕДЕРЕР ТРГНА ПО „ДЕВЕТКА“ ВО ХАЛЕ

Роџер Федерер додаде уште еден момент за одбележување во својата блескава кариера, откако со 6:3/6:1 за само 52 минути го победи Јапонецот Јуичи Сугита во првото коло на Гери Вебер опен во Хале за својата 1.100. победа во кариерата.

Осумкратниот шампион од Хале се врати по поразот во првото коло во Штутгарт минатата недела, откако против Сугита, кој влезе на турнирот како „среќен губитник“, односно загуби во последното коло на квалификациите пред да влезе поради повлекување на друг тенисер, имаше фантастичен старт освојувајќи го првиот сет за 21 минута.

Федерер освои 90% од своите поени на прв сервис, за да го подобри скорот на 20-2 оваа сезона и за да обезбеди дуел со специјалистот за сервис и волеј- игра, Миша Зверевм, кој со 6:4/6:4 беше подобар од Словакот Лукаш Лацко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...