Со Шведска се заверува Ф4

Математички, на одбојкарите им е потребна само една победа за да се најдат на финалниот турнир во Данска, а тоа може да го сторат веќе в петок, против Шведска



Веќе в петок машката одбојкарска репрезентација на Македонија може да се промовира во учесник на фајнл фор турнирот од Европската лига 2017, кој за 1 и 2 јули е закажан во Данска, а каде што, покрај домаќинот, учеството го потврди и Украина, како првопласиран тим од групата Б.

Математички, на одбојкарите им е потребна само една победа за да се најдат на завршницата, а со оглед на тоа дека е познат распоредот на противниците на Македонија за вториот турнир во Тирана, таквата позиција ќе се бара преку Шведска.

Единствениот ривал во групата А кој успеа да ни одземе сет во СЦР „Кале“ е екипата преку која тимот на Драгутин Балтиќ треба да го завери фајнл форот. Тој загубен сет беше предупредување за „спартанците“ дека немаат право да се опуштат и дека мора докрај да си ја завршат работата, иако покажаа дека се апсолутни фаворити за првото место.

Со дуелот меѓу Македонија и Шведска ќе биде отворен вториот турнир во Тирана, со оглед на тоа дека мечот се игра од 15 часот, додека од 18, организаторот Албанија го пречекува Азербејџан. Ден подоцна, „спартанците“, исто така, го играат првиот меч против Азербејџан, додека в недела од 18 часот, во дуел со домаќинот, го комплетираме настапот од групната фаза.

За разлика од Македонија која со три бода би била промовирана во Ф4-патник, сѐ уште стои отворено прашањето која селекција, како второпласирана, ќе се најде на финалниот турнир во Данска.

Одбојкарите денеска попладне ќе го одработат последниот тренинг, додека утре изутрина заминуваат за Тирана на аклиматизација на средината во кој в петок го започнуваат вториот викенд од Европската лига 2017.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...