Мареј симнат од тронот

Вимблдон ќе има нов шампион и во машка конкуренција откако Енди Мареј испадна во четврт-финалето на престижниот турнир во Британија, со поразот во дуелот со Американецот Сем Квери.

Тенисерот од Сан Франциско успеа да ја забележи само втората победа над Мареј на деветтиот меч (првата му беше во 2010 година, во Лос Анџелес). Моментално 28. тенисер на светот го победи првиот на АТП-листата за своето прво гренд слем полуфинале во кариерата. Поточно Квери е првиот Американец со полуфинале на еден турнир од големата четворка по Енди Родик во 2009 година.

Мареј го доби првиот сет, а потоа Квери со три едноподруго гемови изедначи на 1:1. Британецот тргна подобро во третиот сет, во кој се водеше најголемата борба. Мареј уште на стартот направи брејк, кој успешно го чуваше до 10. гем, кога Квери му зеде сервис, па се отиде во тај-брејк. Во него Мареј направи два мини брејка и ја искористи четвртата сет-топка за 2:1.

Но тоа беше сѐ од Мареј на овој меч. Квери беше доминантен и наредните два сета ги доби убедливо со 6:1 и 6:1 за вкупно 50 минути, две минути повеќе од траењето на третиот сет.

Со овој пораз, Енди Мареј загуби 1.640 АТП-поени, односно падна на вкупно 7.750 бода. Наредниот понеделник може да го загуби и првото место на светската ранг-листа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...