Кокшаров селектор, Самсоненко менаџер на „зборнаја“

Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров е нов селектор на машката репрезентација на Русија, додека првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко добива функција на координатор и генерален менаџер на националниот тим.

Овие промени во најдобрата машка руска селекција вчера ги обелодени Извршниот комитет на Руската федерација.

По неуспехот во квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска, во кои Русија заврши на третото место во групата зад Шведска и Црна Гора, разбирливо беше дека ќе има промени.

Кокшаров (кој воедно останува и спортски директор на Вардар) седнува на местото на Дмитри Торгованов, кој заминува од функцијата.

„Му честитам на Едуард за овој сериозен чекор. Тој е познат ракометен експерт, кој во изминатиов период успешно ја извршува функцијата на спортски директор на македонскиот првак Вардар. Како играч има освоено многу титули вклучувајќи го и олимпискиот медал, па веруваме дека тој успех ќе го пренесе и во рускиот национален тим“, изјави претседателот на Руската федерација, Сергеј Шишкарев.

Вложувањата на Сергеј Самсоненко во ракометот, како и фактот дека Вардар е актуелен европски клупски првак беа доволен доказ за Федерацијата дека таков човек е потребен за да ја координира репрезентацијата.

„Самсоненко е длабоко посветен на нашиот спорт и има постигнато уникатен резултат“, потенцираше Шишкарев, кој дададе дека на Русија и треба човек каков што е Самсоненко. Со негова помош веруваат дека Русија може да стигне до Олимписките игри во 2020 година. „Ние се надеваме дека платформа во Вардар, ќе им овозможи на нашите играчи да се издигнат на високо ниво", заврши Шишкарев.

Ваквиот потег значи и делумна вардаризација на рускиот национален тим со оглед на тоа дека покрај шефот на стручниот штаб во тимот се и вардаровите крила Тимур Дибиров и Даниел Шишкарев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...