Дефинирање на ЕХФ и на Челинџ купот

Претпладнево, во седиштето на ЕХФ во Виена, четирите македонски клубови (два во машка и два во женска конкуренција) кои се дел од европските клупски купови, ЕХФ-купот и Челинџ купот, ќе ги добијат своите противници.

Охрид ќе ја има премиерата во ЕХФ-купот, второто по квалитет европско клупско натпреварување во првата квалификациска рунда. Охриѓани ја чекаат денешната ждрепка во вториот шешир, заедно со уште 14 екипи, кои, секако, нема да им бидат ривали во квалификациите. Потенцијални противници на Охрид се: хрватска Дубрава, Бенфика (Португалија), БСК Елит (Норвешка), ЗТР Запорожје (Украина), Духла Прага (Чешка), Валур (Исланд), Макаби (Израел), Инсигнис (Австрија), Ахилес (Белгија), Војводина (Србија), ИЕК (Грција), Беса (Косово), Крас (Холандија), Еш (Луксембург) и Полва (Естонија), кои ќе бидат влечени од првиот шешир.

Натпреварите се играат на 2-3, односно на 9-10 септември, а победниците ќе продолжат во следната фаза од ЕХФ-купот.

Вториот дебитант во Европа, финалистот во Купот на Македонија, Еурофарм Работник, пак, е меѓу 24. клубови кои се најдоа во третата рунда од Челинџ купот.

Потенцијалните противници во третата рунда „фармацевтите“ треба да ги добијат од осумте парови кои ќе разигруваат во втората фаза, а чија ждрепка, исто така, ќе биде во вторник, во Виена. Првиот меч на европска почва Еурофарм Работник го игра на 18-19, односно на 25-26 ноември.

Кај дамите, ЖРК Металург и Куманово тргнуваат од третата фаза во Челинџ купот. Интересно е дека денешната ждрепка може да даде и македонско дерби, со оглед на тоа дека тимот од Автокоманда е меѓу носителите, односно во првиот шешир, додека Куманово од вториот шешир чека противник. Металург е во друштво на: Локомотива Загреб, Гран Канарија, Селгрос Лублин, Ардесен ГСК, Вирто, Кристијанштад ХК, Споно Еаглес, Јагодина, Алавариум, Азерјол Баку, Шкипоња, Макаби, Лондон, Хифк и ПАОК. Тоа се екипи со кои „бело-сините“ не може да се соочат во оваа фаза. Куманово, пак, е во група со: Јединство Тузла, Трофеаш, Фемина Висе, Дуделанж, Жалгирис Каунас, Малага, Загноспор, Маедилон, Боден, Ротњајс Тун, Наиса, АДА Барос и Истогу.

Натпреварите од третото коло се предвидени за 11-12, односно за 18-19 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...