Златото за Вертман

Холандскиот ветеран Фери Вертман е победник на 10- километарската пливачка трка на отворени води на Светското првенство во Будимпешта. Олимпискиот шампион од Рио успеа да триумфира пред светскиот шампион, Американецот Џордан Вилимовски, за 0.10 секунди, и со тоа ги обедини златните медали од ОИ и од СП.

Пред две години на СП во Казан, Вертман заврши втор, зад Вилимовски, а овој пат беше подобар. Французинот Марк-Антоан Оливие го доби бронзениот медал.

Ова е првпат Холанѓанец да победи на 10- километарската трка на Светскиот шампионат, а среброто на Вертман од 2015 година беше единствениот медал за Холанѓаните на овие првенства.

„Ова беше силна трка. Противниците беа пред мене во поголемиот дел од трката, меѓутоа јас ја чував силата за финишот. Некои од нив почнаа да ’паѓаат’ на пет километри до целта и тогаш знаев дека морам да дадам сѐ од себе. Успеав и пресреќен сум поради тоа“, изјави Вертман, кој го презеде водството некаде на 250 метри од целта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...