Рекорден награден фонд на УС опен

Четвртиот гренд слем турнир сезонава, полуларниот УС опен, ќе има награден фонд од 50 милиони американски долари, што претставува рекорд на турнирот. Победниците во машка и во женска конкуренција ќе инкасираат по 3,7 милиони долари, додека поразените во финалето - по 1,8 милиони долари. За победниците во двојки се предвидени по 675.000 долари, што, исто така, е највисока сума во историјата.

Од опен ерата, па досега, наградниот фонд на УС опен постојано расте. Во првата година од опен ерата, во 1968 година, за мажите и за жените била подготвена награда од 100.000 долари.

Во 1973 година, за првпат на турнирот била одредена идентична парична награда за победниците во машка и во женска конкуренција, чекор кој не бил направен на ниту еден друг гренд слем турнир до 2001 година.

Во 1981 година, првпат наградниот фонд достигнал 1 милион долари, а во 1983 година, тој бил двапати поголем. Во 1996 година, достигнал 10 милиони долари.

Во последните години, во 2007 тој достигнал 20 милиони, во 2013 изнесувал 30 милиони, а во 2015 - 40 милиони долари. Минатата година, УС опен понудил 46 милиони долари. Оваа година, сумата за награди достигна до 50 милиони долари.

Отвореното првенство на САД се игра од 28 август до 10 септември, а минатогодишни шампиони се Стен Вавринка во машка и Анџелик Кербер во женска конкуренција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...