Ѓоковиќ го напушта УС опен поради повреда

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти УС опен поради повреда, а покрај тоа веројатно нема да игра и во полуфиналето на Дејвис купот со Франција во септември.

Освен што нема да настапи на УС Опен и Дејвис купот, постојат големи шанси Ноле да паузира до крајот на сезоната, затоа што мора да оди на терапија за да ја санира повредата на раката.

Лекарот на српската тениска репрезентација Зденко Милинковиќ изјави дека Ѓоковиќ ќе мора да мирува меѓу шест и 12 недели, а потоа ќе оди на уште еден преглед за да се утврди дали има подобрување или ќе се менува терапијата.

„На следниот преглед ќе се знае дали проценката останува или се менува. Во тој период нема да смее да тренира со рекетот, но ќе смее да работи на останатите сегменти како кондиција и слично. Секако, ќе има и одредени терапии“, изјави Милинковиќ.

Според него Новак речиси 99% ќе го пропушти Гренд слем турнирот во Њујорк, а големи се шансите да паузира до крајот на сезоната.

„Новак има коскена модринка поради претераното играње. Не паузираше доволно. Но Новак е таков, тој ќе стисне заби и игра и покрај тоа што се повреден“, додава Милинковиќ.

Повредата му правеше проблеми на Ѓоковиќ и на Вимблдон, а на почетокот на вториот сет мораше да го предаде четвртфиналниот меч против Томаш Бердих



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...