Алжир е осминафиналниот ривал

Домаќинот на мундијалот ќе биде противникот кој Македонија ќе треба да го помине во првата фаза од елиминациите доколку сака да се најде меѓу најдобрите осум селекции на светот.

Противникот кој се надеваа дека ќе го избегнат во елиминациите, организаторот Алжир ќе биде ривалот на Македонија во осминафиналната фаза на Светското првенство У21. Домашните ракометари во последниот натревар од групната фаза ја совладаа Саудиска Арабија со 23:21 (10:11) и се сместија на третата позиција на табелата во групата Д, со што потврдија дека во продолжението вкрстуваат со нашите ракометари кои по триумфот над Бразил, се најдоа на второто место во групата Ц.

Македонските репрезентативци ќе мора да го елиминираат организаторот доколку сакаат да го продолжат мундијалскиот сон и да се најдат во четвртфиналето, што ќе биде исклучително тешка задача.

Осминафиналните натпревари на програмата се в среда, а Македонија и Алжир играат во последниот термин од 21:45 часот по македонско време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...