Новите лица во Металург - Од Вардар до Триглав

Металург од вчера ги одработува висинските подготовки во Маврово, а во ростерот на македонскиот вицепрвак за претстојната сезона ќе има 11 нови имиња. Станува збор за словенечкиот интернационалец Јануш Лапајне, црногорскиот Божо Анѓелиќ, хрватскиот Анте Томиќ и српскиот Лука Стојановиќ, што значи дека новиот Металург е практично Југославија во мало. На тимот од Автокоманда му се приклучија и повратниците Даниловски и Димитриевски, како и петмина ракометари од вториот тим. Не е исклучено Червар да ангажира уште еден десен бек до крајот на подготовките.

Јануш Лапајне (Словенија), лев бек



Лапајне е 22-годишен лев, а по потреба и среден бек, го заврши двегодишниот престој во градот на светлитната и се пресели во Скопје. 2 Метри високиот бек, најчесто беше дел од вториот тим на ПСЖ и не добиваше голема минутажа. Словенецот кој потекнува од составот на Ајдовшчина, а афирмацијата ја стекна во дресот на Шкофја Лока, своевремено стана познат по тоа што сам се избори за договор со ПСЖ. Тој испрати видео од неговите настапи, нудејќи ги своите услуги во повеќе француски клубови, а одговор доби само од легендарниот Бруно Мартини од ПСЖ.Одработи неколку тренинзи со францускиот тим и доби договор на две години.

Лука Стојановиќ (Србија), среден бек

Стојановиќ е кадетски и младински репрезентативец на северниот сосед, кој последната сезона беше дел од чешкиот шампионат и настапуваше за Талент Плзен. Иако имаше договор со чешкиот тим, сепак од Плзен решија да ги исполнат неговите желби и да го пуштат во Скопје. Лани, на ЕП за кадети беше еден од најдобрите поединци во српскиот состав и постигна 33 голови, но ова лето нема да биде дел од Светскиот шампионат за кадети во Грузија, поради тоа што сака да ги помине комплетните подготовки со Металург и да се наметне во составот на Червар.

Анте Токиќ (Хрватска), десно крило



Токиќ има 24 години е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска. Откако му заврши договорот со ГРК Вараждин, каде пред две сезони играше заедно со поранешниот играч на Металург, Мартин Марчец, се пресели во Скопје на повик на Червар, кој го стави и на поширокиот список на сениорската репрезентација на „коцкестите“. Настапот за Металург ќе биде прв интернационален предизвик за леворакиот играч.

Божо Анѓелиќ (Црна Гора), среден бек

Анѓелиќ е 25-годишен среден бек, кој по потреба игра и на левата бековска позиција. Во минатата сезона тој беше член на унгарскиот тим Цегледи. Иако релативно млад има солидно интернационално искуство во шведскиот Малме и во унгарскиот шампионат, а претходно беше дел и од Црвена Звезда. Тој е дел од црногорската репрезентација, и ќе игра на ЕП против Македонија во јануари.

Никола Даниловски, голман



Даниловски има 20 година и потекнува од тимот на Металург, а по две години поминати во Битола на голот на Пелистер, се врати во матичниот клуб, со кој ќе игра во СЕХА Лигата и во Лигата на шампионите. Младинскиот репрезентативец имаше одлична сезона со Пелистер, но се реши за промена на средината. Заедно со Томовски го бранеа голот и на националниот тим во Алжир, а заедно ќе бидат и во тимот од Автокоманда. Даниловски е специјалист за удари од седум метри.

Дарко Димитриевски, среден бек

Димитриевски иако има 26 години, веќе можеме да го сметаме за искусен играч, со оглед на големото интернационално искуство. Тој потекнува од Борец, во меѓувреме настапуваше и за МРК Вардар, Куманово, Катар Спорт Клуб, Пуерто Сагунто, Адермар Леон, како и за унгарскиот Чурго, а се наоѓа и на поширокиот список на репрезентацијата на селекторот Раул Гонзалес. Ова за него ќе биде втор обид во Металург, откако лани си замина само по еден месец.

Мартин Серафимов, десен бек

Серафимов беше од главните бек шутери минатата сезона во составот на Металург 2. Тој се наоѓа на поширокиот список на младинската репрезентација и отпадна во последното кратење на составот од страна на Илија Темелковски. Овој десен бек има само 17 години, но штом Червар го зема кај себе, сигурно има голем потенцијал во него.

Димитар Димитриоски, лево крило

Димитриоски има 19 години и ги помина сите младински категории во школата на Металург и сезонава ќе добие шанса во првиот тим. Неговата предност е брзината и добриот преглед на играта, па овен на позицијата лево крило, може да даде голем придонес и на позицијата среден бек. Тој беше дел од младинската репрезентација на последниот Мундијал во Алжир и одлично ја искористи минутажата што ја доби од Илија Темелковски.

Милан Лазаревски, пикер

Лазаревски беше еден од најдобрите стрелци на Металург 2 во минатата сезона, па заслужено добива шанса да игра во првиот тим. Станува збор за 20-годишен ракометар, кој одигра одлично на Мундијалот во Алжир, а би можел да му биде корисен на Лино Червар за дуелите во претстојната сезона.

Мице Шилегов, десно крило

Шилегов има 19 години, а станува збор за продукт на школата на Металург и ги помина сите младински категории во Автокоманда. Од сезонава добива шанса и во првата екипа. Тој блескаше на квалификацискиот турнир во јануари за пласман на младинското СП во Алжир, а и на Мундијалот, имаше солидни настапи.

Марио Танкоски, лев бек

Танкоски е 19-годишен лев бек, кој потекнува од Струга, а афирмацијата ја стекна во вториот тим на Металург. Минатата сезона беше еден од носителите на играта. Тој е поранешен кадетски репрезентативец на Македонија, а играше и за младинската на последниот Мундијал во Алжир, каде доби солидна минутажа и максимално ја искористи.

Состав на Металург за сезона 2017/2018:
Голмани: Даниловски, Томовски, Арсиќ
Крила: Димитриоски, Палевски, Илиќ, Шилегов, Гуглета, Токиќ
Пикери: Арсеновски, Петров, Лазаревски, Пешевски
Бекови: Кузмановски, Танкоски, Лапајне, Стојановиќ, Анѓелиќ, Дрогришки, Велковски, Серафимов, Димитриевски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...