Новата тениска генерација е тука

Во тенисот секогаш се чека следната генерација на врвни играчи. 20-годишниот Александер Зверев и 22-годишната Елина Свитолина со освојувањето на канадските титули потврдија дека не треба да се чека новата генерација - таа е веќе тука.

Германецот Зверев го изненади освојувачот на 19 гренд слем титули, Роџер Федерер со победа во два сета за да стигне до титулата од Мастерсот во Монтреал и да се промовира во вистинска ѕвезда пред УС опен. 20-годишниот Германец благодарение на неговиот фантастичен сервис стигна до 6:3/6:4 победа во меч во кој Швајцарецот не успеа да се врати во игра.



„Се обидов да бидам најагресивен што можам. Ако му дозволите на Роџер да ја диктира играта со форхенд, тогаш не можете да играте“, вели Зверев, кој со ова се одмазди за 6:1/6:3 поразот од Федере во финалето во Хале во јуни.

Зверев имаше шест аса и освои 80 отсто од поените на прв сервис во доминантната победа од само 68 минути.

„Ова е прекрасно остварување за него. Му посакувам многу успех и добар финиш на сезоната. Тој го крена нивото на својата игра, и тоа драстично“, вели 36-годишниот Федерер, за кого ова е само трет пораз во 2017.

Федерер уште нема одлучено дали ќе игра на Мастерсот во Синсинати оваа недела како последна подготовка за УС опен.

Свитолина рутински против Вознијацки



Украинката Свитолина стигна до својот петти трофеј во 2017 година, откако во финалето во Торонто со 6:4/6:0 ја „збриша" поранешната светска тенисерка број 1, Каролине Вознијацки. Петтата носителка Свитолина на патот до финалето ги елиминираше шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза и актуелната шампионка Симона Халеп, и ја совлада шестата носителка Вознијацки за 77 минути.

22-годишната Украинка направи три брејка во првиот сет и уште три во едностраниот втор сет за да не и дозволи на Вознијацки да стигне до првата титула од октомври 2016. Свитолина сега е светска тенисерка број 4, а исто така ќе биде лидер во „Трката до Сингапур“, за пласман на ВТА-финалето.

„Уште не сфатив дека победив, бидејќи последните два дена имав премногу мечеви и беше доста тешко. Среќна сум што имам нова титула. Сега на ред е УС опен и одиме на добар резултат“, вели Свитолина.

Вознијацки, шампионка од Канада од 2010 година, има шест финалиња и шест порази во нив во 2017 година по поразите во Доха, Дубаи, Мајами, Истбурн и Бастад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...