Серена планира да биде на Австралискиот опен

Серена Вилијамс планира да ја брани титулата од Австралискиот опен следната година, иако ова значи дека ќе мора да се врати во акција само три месеци по раѓањето на своето прво дете.

Дваесет и трикратната гренд слем шампионка објави дека е бремена во април и ќе биде на пауза до крајот на годинава. Триесет и петгодишната ветеранка е свршена со коосновачот на „Редит“, Алексис Оханијан.

„Тоа е навистина неверојатен план. Сакам да се обидам. Тоа е три месеци по раѓањето. Не се повлекувам, само велам дека се работи за интензивен план. Ако само губам, тогаш ќе кажат ’готова е’, особено бидејќи немам веќе 20 години. Но, ќе ви кажам нешто, сигурно нема помалку да победувам. Или ќе победувам или нема да играм“, вели Американката во интервју за „Вог“.

Вилијамс додава дека може да научи „нови трикови“, откако ја искористи паузата од тенисот да ја анализира својата игра преку ТВ-снимките.

„Учам со гледање. Или ги гледам старите мои мечеви на ТВ. Имам одличен удар и моите противнички мораат да се потрудат за да ги стигнат моите топчиња. Сега гледам зошто. Имам добра низа во играта“, вели Вилијамс, која е на само една титула до рушење на рекордот на Австралијката Маргарет Корт од 24 гренд слем титули.



Обидот на Серена за кам-бек ќе биде поинтересен, бидејќи ќе се обиде да стане само четвртата мајка со гренд слем титула. Тоа досега им успеало само на Маргарет Корт, Ивон Гулагонг и на Ким Клајстерс. Сепак, мора да ѝ се честита за храброста да се врати на 35 години.

„Тешко е да сфатиш каков треба да биде крајот на твојата тениска кариера. Мислев дека ќе сакам да се повлечам кога ќе добијам деца, но сега се премислив. Дефинитивно се враќам. Кога ќе излезеш на теренот и ќе ја слушнеш публиката, за некого не значи ништо, но, за мене, тоа е најдоброто чувство на светот. Ако успеам да ја стигнам Маргарет, тоа ќе значи многу. Бременоста ми даде нова моќ“, додава Вилијамс.

Една од најзабележителните карактеристики во кариерата на Вилијамс е нејзината страст во играта, со што дефинитивно е една од најзастрашувачките тенисерки на турнејата. Четирикратната олимписка шампионка признава дека, можеби, ќе треба да се смири кога ќе стане мајка.

„Мислам дека луѓето сакаат да ме гледаат кога сум лута. Но, сега, следниот пат кога ќе играм, ќе бидам мајка. Нема да можам да правам бебешка фаца“, завршува Вилијамс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...