Светската пливачка елита утре на 31. Охридски пливачки маратон

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се плива 31. Охридски пливачки маратон, што е редовна трка од „Гран при“ серијата маратонски трки на отворени води на Светската пливачка федерација (ФИНА).

На стартот закажан за точно на пладне кај Свети Наум треба да се појават 22 пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција. Се очекува првите од нив патеката „Климе Савин“, долга 30 километри, да ја испливаат за околу пет и пол часа, зависно од временските прилики.

Меѓу пријавените маратонци се и тројцата македонски пливачи - Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

Охридскиот маратон се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, со награден фонд од десет илјади долари. Коорганизатори на трката се општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Минатата година најуспешен во машка конкуренција беше нашиот Томи Стефаноски, а кај пливачките победата ја понесе Олга Козлодуб од Украина.

Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа. Во ФИНА бодувањето се одредува според паричниот фонд, така што победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Секој што ќе го исплива маратонот во предвидениот временски рок до половина час по пристигнувањето на победникот на целта добива два бода.

Охридскиот маратон е трет и претпоследен во годинашната програма на „Гран при“ серијата на ФИНА. Светскиот маратонски куп на отворени води завршува со трката Неапол – Капри закажан за 3 септември.

Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...