Рафаел Надал вели дека повредените тенисери пред УС опен треба да ја „прифатат ситуацијата“ и да тргнат понатаму, зборувајќи од сопствено искуство. Триесет и едногодишниот Надал продолжи со одличната форма во 2017 година, победувајќи го Ришар Гаске во два сета за пласман во третото коло на Мастерсот во Синсинати и ќе го замени Енди Мареј на првото место на АТП-листата по турнирот.
„Работев напорно да добијам нова шанса и затоа сум тука. Само да бидам во оваа позиција е доволно да бидам среќен и, нормално, ќе бидам емоционален кога ќе бидам број 1“, вели Надал.
Шпанецот пропушти седум месеци тенис меѓу 2012 и 2013 година поради сериозна повреда на коленото и стомачен вирус и вели дека сосема разбира што значи да си во „аут“.
„Јас сум бил во таква позиција многу повеќе од оние што сега се повредени како Новак и Енди. Знам колку е тешко. Жал ми е за нив и им посакувам брзо закрепнување. Но, во исто време, можам да кажам дека Роџер немаше толку проблеми како мене. Новак и Енди, исто така. Стен Вавринка не беше повреден повеќе месеци. Јас сум единствениот од нив кој пропуштил толку многу важни турнири во кариерата. Единствено нешто што можеш да го направиш е да го прифатиш тоа и да продолжиш понатаму“, вели Надал, кој ќе оди на третата титула на УС опен.