Миленкоски ја воодушеви Европа

Најтрофејниот македонски стратег Јошко Миленкоски ги „собра“ пофалните зборови од европските стратези и од Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) откако националниот тим на Турција (кој тој го предводи од почетокот на јануари годинава) се најде во осминафиналето на Европското првенство во Полска. Миленкоски и неговите избраници не успеаја да се најдат во следната фаза, откако претрпеа пораз од 3:0 од Италија во елиминациите, но самиот факт дека беа во такво друштво значеше многу.

Турција имаше импресивен настап во групната фаза (каде беше во конкуренција со Холандија, Белгија и Франција) што го стави во центарот на вниманието и Миленкоски.

„Сите не гледаа како аутсајдери и сметаа дека немам шанса во групата Д. Моите играчи го докажаа спротивното. Она што е главно и што причинува задоволство беше да ги гледам како се борат за секој поен. Сакаа да си докажат на самите себе си дека се добар тим, кој ќе расте од натпревар во натпревар. Шансата да се игра на едно ЕП не се добива лесно затоа сакавме максимално да ја искористиме“, потенцираше Миленкоски во интервјуто за ЦЕВ и додаде „Задоволен сум од сите мои играчи. Она што го презентираат во своите клубови во турската лига, сега сакаа да го покажат во репрезентацијата и да ја претстават својата земја пред Европа во што е можно подобро светло. Со пласманот во осминафиналето ние ја исполнивме нашата цел на ЕП, но секако дека ќе бевме уште посреќни ако се најдевме во продолжението.“

Со поразот во осминафиналето Миленкоски и Турција го завршија настапот на евро-собирот, а стратегот се враќа во Анкара каде ќе им се посвети на клупските обврски како нов тренер на Зират Банкаши, со кој го очекува настап во европскиот ЦЕВ куп.

В. Н.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...