Македонија добива Супер куп

Ракометната федерација на Македонија минатата сезона го стави во пропозициите одигрувањето на Супер купот, а истиот премиерата ќе ја доживее на почетокот на оваа. Со оглед на тоа дека Вардар е носител на двојната круна, одлучено е Вардар како шампион и Еурофарм Работник, како финалист од Купот на Македонија да се сретнат во премиерното издание на Супер купот.

Тоа всушност ќе претставува реприза на финалето на Купот на Македонија, кој се играше во салата „Младост“ во Битола, а во кој „црвено-црните“ ја оправдаа улогата на апсолутни фаворити и го кренаа пехарот.

Истиот ќе се одигра на 12 септември (вторник) и ќе претставува вистинска увертира за почетокот на новото национално првенство закажан за четири дена подоцна, односно викендот 16/17 септември.

Она што останува непознато во моментов е локацијата на која би се одиграл натпреварот. Дали тоа ќе биде во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, или, пак, одново публиката во салата „Младост“ во Битола ќе биде сведок на еден дуел во кој овие два тима ќе се борат за пехар. Секако РФМ може да се одлучи и за неутрален терен.

Овој натпревар ќе дојде како дополнителна обврска во (пре)натрупаниот распоред на Вардар, кој в сабота ја отвара сезоната со дербито со Металург во СЕХА лигата, по што ќе следуваат регионалните натпревари со Горење и Мешков Брест, а на 17 септември во Висла европскиот првак ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите.

За Еурофарм Работник, пак, дуел со Вардар ќе значи генерална проба пред обврските во Супер лигата и темпирањето на формата за европското деби во Челинџ купот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...