Нов корупциски скандал поврзан со Олимпијадата во Бразил

Бразилските и француските власти објавија дека откриле меѓународна корупциска шема за купување на гласови за доделување на Летните олимписки игри во 2016 година на Рио де Жанеиро, пренесоа светските агенции.

Според бразилската полиција, постојан индикации дека Карлос Алберто Нусман, шеф на Бразилскиот олимписки комитет и претседател на Комисијата за организација на игрите, интервенирал при купување на гласовите на африкански членови на Меѓународниот олимписки комитет, за да гласаат за Рио.

Истрагата за случајот започна пред девет месеци и се нарекува „Нелојална игра“. Во неа на бразилските истражни органи им помагаа колеги од Франција, Антигва и Барбуда.

На Нусман кој е поранешен одбојкар и веќе две децении е претседател на Бразилскиот олимписки комитет му е одземен пасошот. Тој работи како адвокат, член на ИОК е веќе 12 години, а е дел и од Координативната комисија за Игрите во Токио во 2020 година, давајќи им совети на организаторите за тоа како да се подготват за настанот.

По игрите во Рио, Нусман доби од претседателот на Светската олимписка организација (ИОК) Томас Бах, награда „Олимписки орден“, која се доделува на луѓе со исклучителен придонес кон Олимписките игри.

Поради корупциски скандал и раководење со мрежа за пренасочување на средства од градежните проекти за Игрите, меѓу кои и проектот за модернизација на стадионот „Маракана“, во јуни на 14 години затвор беше осуден Сержио Кабрал, поранешен гувернер на сојузната бразилска државата Рио де Жанеиро во периодот 2007 - 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...