Металург го надигра Динамо во Панчево

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург синоќа во вториот дуел од регионалната СЕХА лига, оствари победа на гостувањето кај Динамо од Панчево со резултат 25:20 (16:9).

Избраниците на тренерот Лино Червар ја имаа контролата на резултатот уште од почетните минути кога и ја направија решавачката разлика. Металург одигра перфектно прво полувреме, со одлична игра во одбраната и со реализација од над 80 % во нападот. Средбата беше решена веќе по првите 12 минути, кога веќе беше неверојатни 8:0 за македонскиот претставник.

Домашните ракометари првата успешна реализација ја имаа дури во 13. минута. Во таква ситуација нашите ракометари со рутинирана игра го привршија првото полувреме и на одмор заминаа со предност од седум гола.

На почетокот од вториот дел ракометарите на Динамо заиграа поангажирано и ја намалија нашата предност на само пет погодоци, најпрво при 9:14, а потоа и при 11:16. Но, Металург повторно ја консолидираше одбраната, Арсиќ повторно фати неколку топки во серија, па набрзо стигна и до максималните +10, во 52. минута, 14:24. Тогаш Червар ја повлече комплетната прва постава и во игра ги стави помладите играчи. Тоа го искористи противникот и до крајот успеа да ја преполови негативата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...