Ултра планински маратон по патеките на Крали Марко

Повеќе од 388 натпреварувачи од 22 држави ќе учествуваат на ултра планинскиот маратон „По патеките на Крали Марко“, што по седми пат ќе се одржи од денеска до 24 септември во Прилеп.

Годинава, како што информираат организаторите Здружението „По патеките на Крали Марко“, ПСД „Макпетрол“ и општина Прилеп, ќе се трчаат четири трки.
Најстарата и најмасовната трка „Трескавец Треил” е долга 16 километри и стартува од амфитеатарот во населбата Варош, минува под Марковите Кули и преку живописните околни прилепски ридови оди до манастирот Трескавец.

„Камена Баба Треил” во должина од 31 километар започнува и ја следи истата патека до манастирот Трескавец како и „Трескавец Треил” за потоа да продолжи по карпест терен на патот за селото Дабница. Оттаму го качува ридот Кукул на кој се наоѓа локалитетот „Камена Баба” и се упатува кон контролната точка на Прилепското езеро. Од таа контролна точка патеката се враќа назад и се упатува кон седлото „Наковална” каде се префрла на северната страна на ридот позади Марковите Кули.

Третата стаза „Козјак треил“ е одржана во 2012 година како прва и најдолга ултра планинска трка во Македонија со 65 километри. Името на трката потекнува од највисоката точка на патеката, врвот Козјак, кој се наоѓа на точно половина патека, а истата има вкупно висинско качување од 3.000 метри.

Најдолгата трка е „Крали Марко Ултра Треил“ со должина од 110 километри. Патеката оди преку низа од села, манастири и историски места, а недопрените треил патеки во резерватот Мукос, врвот Козјак и Марковите Кули, како и техничките спустови низ карпест и каменест предел, ја прават трката да биде ултимативен тест на изджливост и една од најтешките на Балканот.

За најмладите е наменета трката „Маркукуле треил“, во должина од 1,5 километри и од амфитеатарот во Варош оди до манастирот Св. Архангел Михаил веднаш под Марковите Кули, а завршува повторно во Варош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...