Брестовац повика 18 ракометари за турнирот во Полска

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, ги објави имињата на 18. играчи повикани на првиот собир на за подготовка и настап на меѓународниот турнир во Плок, Полска.

На списокот на Брестовац се:

голмани: Марко Кизиќ (Вардар), Виктор Василевски (Металург 2), Андреј Петковски (Вардар);

крила: Симон Гучевски (КЛ-7 Струга), Марко Божиновски (Металург 2), Дарко Кондев (Металург 2), Ален Ќосевски (Вардар), Васе Наков (Вардар);

бекови: Илија Меловски (Металург 2), Тони Атанасовски (Вардар), Дејан Џигеровски (КЛ-7 Струга), Бобан Каковски (Еурофарм Работник), Мартин Карапалевски (Вардар), Мартин Серафимов (Металург), Димитар Ристовски (Металург 2);

Пивотмени: Кристијан Симоновски (КЛ-7 Струга), Андреј Митиќ (Металург 2), Мартин Мајсторовски (Вардар).

Собирот е закажан за 22 октомври во салата „Расадник“ во Скопје со почеток од 18 часот.

Според планот во текот на ЕХФ неделата наменета за репрезентативни подготовки и настапи, Македонија ќе се подготвува во Скопје во периодот од 22 до 26 октомври. Потоа селекцијата заминува на меѓународен турнир во Плок, Полска, кој ќе се игра до 30 октомври. Овие подготовки и овој турнир се во склоп на подготовките за настапот на ЕХФ Шампионатот за кадети летово, односно за Светското кадетско првенство кое наредното лето ќе се игра во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...