Со нов УО федерацијата ќе го враќа сјајот на шахот во Македонија

Шаховската федерација на Македонија е решена да го врати достоинството на шахот во Македонија, а првиот чекор ќе биде одблокирање на сметката.



За таа цел денеска во Скопје беше конституиран новиот Управен одбор кој се обврза да помогне во нормално функционирање на ШФМ.

Новиот УО е составен од:

Благоја Богоевски, претседател,
Златко Марин – градоначалник на Аеродром, потпретседател,
Лидија Софревска – ШК Алкалоид, секретар,
Стефан Богоев – градоначалник на Карпош,
Борче Георгиевски – градоначалник на Гази Баба,
Коста Начевски – директор на „ГАМА“,
Сенко Смаиловиќ – Директор на „Улици и патишта“-Скопје,
Невзат Умер – Директор во „Џевахир Холдинг“,
Горан Ѓорѓиевски – Управител и Директор на „Специјал“,
Дејан Николовски-Кабинет на Премиерот,
Жика Ѓориќ – управител на „ГМЦ Скопје“,
Зоран Стојчевски – ШК Гамбит Ассеко СЕЕ и
Роландо Кутиров - шаховски велемајстор.

- Да го вратиме шахот на старата слава. Ветена ни е помош од државните институции. Посебно очекуваме од Агенцијата за млади и спорт да ни даде поддршка, рече првиот човек на ШФМ, Богоевски.
За следната година ШФМ си зададе задача да обезбеди услови за настап на македонските шахисти и клубови на Олимпијадата во Грузија, ЕКК во Грција, како и на државните првенства и Опен турнири во Карпош и Аеродром.

Богоевски очекува да се обезбеди буџет од 50-70 илјади евра за да се остварат активностите предвидени за 2018 година.
ШФМ има амбиција со поддршка од државата, Македонија во 2019 и 2021 година да биде организатор на Европски првенства екипни и индивидуални во машка и женска конкуренција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...