По завршувањето на Светското првенство за ракометарки што се играше во Германија и на кое шампионскиот трофеј го освои Франција, избран е идеалниот тим на Мундијалот, како и најкорисната ракометарка.
За МВП (најкорисна ракометарка) е прогласена Стине Бредал Офтедал од Норвешка.
Најдобар тим на Мундијалот:
голман - Катрине Лунда (Норвешка)
лево крило - Сираба Дембеле (Франција)
лев бек - Лоис Абинг (Холандија)
среден бек - Грејс Заади (Франција)
десен бек - Нора Морк (Норвешка)
десно крило - Натали Хагман (Шведска)
пивот - Ивет Брох (Холандија).
За најдобар стрелец на шампионатот е прогласена Нора Морк од Норвешка која постигна 66 гола.