Американска сноубордистка Ким Клои на убедлив начин го освои златниот медал во дисциплината халфпајп со резултат 98.25 во финалето.
- Знаев дека нема да бидам задоволна да си одам дома без злато. Дадов се од себе да го завршам настапот со резултат кој ме искачи на тронот. Иако имав голем психолошки притисок успеав и ми се оствари сонот, изјави 17-годишната Клои.
Второто место и припадна на Кинезинката Џиау Лиу со освоени 89.75, додека трето пласирана со освоен бронзен медал е за уште една натпреварувачка на САД – Ариел Голд со 85.75 бода.