Швајцарецот Дарио Колоња ја освои олимписката титула во крос-кантри слободен стил на 15 километри долгата патека на Игрите во Пјонгчанг.
На второто место се пласираше Симен Хегстад Кругер од Норвешка, а трет заврши Денис Спицов од Русија.
За Колоња ова е трета последователна титула на Олимпијадата на 15 километри слободен стил, по Ванкувер во 2010 и класичен стил во Сочи 2014 година.