Колку калории согоруваат некои олимписки спортови?

Доколку ја следите зимската олимпијада која е во тек, сигурно сте се запрашале колку се исцрпуваат спортистите од одредени дисциплини и колку всушност калории трошат за време на натпреварувањата. Еве ги тие податоци за дел од олимписките дисциплини:

1) Сноубординг  – 442 калории на час (кал/ч.)



Сноубордингот може да даде сериозни фитнес резултати. Овој спорт е одличен за мускулите како на долниот така и на горниот дел од телото, а ја подобрува и контролата и стабилноста на телото.

2) Спуст – 408 кал/ч.

Иако спустот согорува помалку калории отколку сноубордингот, се работи за одлична активност за зајакнување на бедрата.

3) Крос-кантри скијање – 544 кал/ч. со умерен интензитет



Крос-кантри скијањето е слично на традиционалните кардио вежби и во него е вклучено целото тело (како кај трчањето или пливањето).

4) Уметничко лизгање – 374 кал/ч. со бавна брзина (под 14км/ч.)

Балансирањето на тенкото сечило на лизгава површина е многу посложен процес отколку што звучи,и не само што побарува добар баланс, туку и ја забрзува способноста за контролирање на телото во просторот.

5) Брзо лизгање - 1021 кал/ч. при тркање со големи брзини, 612 кал/ч. над 14км/ч. но без тркање



Брзото лизгање на долги стази е сериозна вежба, бидејќи атлетичарите се тркаат со исклучително големи брзини на стази од 1 до 5км.

6) Хокеј на мраз -  544 кал/ч.

За овој спорт се потребни не само кардио и мускулна издржливост, туку и сериозна координација на движењата за да се остане на лизгалките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...