Завршија полумаратонот и трката на 5км на Виз Ер Скопски маратон

За прв пат над 10.000 натпреварувачи застанаа на стартот на Виз Ер Скопски маратон уште еднаш потврдувајќи ја љубовта кон спортувањето која ја има во Македонија и влијанието кое Виз Ер Скопски маратон го има во развојот на истата.



14-от Виз Ер Скопски маратон беше блесокот на илјадници тркачи, но само неколку успеаја меѓу првите да ги зададат последните чекори на 5км трката и полумаратонот. Додека, тркачите на маратонот се уште газат по улиците на Скопје во генералниот пласман на полумаратонот Дарио Ивановски беше прв со 01.09.10, Атанас Анчевски заврши втор со 01.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 01.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 01.29.15, Амела Трозиќ со 01.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 01.35.06.

„Виз Ер Скопски маратон претставува нешто што е од големо значење за Скопје и Македонија. Сите тркачи кои ги гледаме денес вежбаат со месеци и затоа сме горди да кажеме дека помогнавме во развојот на спортувањето и здравиот начин на живеење. Самите резултати денес, со Македонци држејќи ги најдобрите резултати на полумаратонот, покажува колку оваа дисциплина напредна низ годините.“, истакна Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје. Таа додаде дека секогаш се трудат во воведување на новитети па затоа оваа година за да ги мотивираат натпреварувачите низ целата патека беа поставени познати ДЏ-и, радија, бендови и оркестри кои ги забавуваат тие што трчаат и тие што бодрат.



Трката на 5км беше најмасовна, но само 6 луѓе ја имаа можноста да ги освојат првите 3 места во категоријата мажи и категоријата жени. Кај машките натпреварувачи први беа Богдан Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.

Натпреварувањето за најтешкиот предизвик продолжува со маратонот и истиот може да се следи во живо на следниов линк  или на новата мобилна апликација која ја лансираше Виз Ер Скопски маратон. Таа може да се преземе на овој линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...