Гонзалес: Кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес по поразот од Монпелје во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, изјави дека францускиот тим бил подобар во клучните моменти и дека грешките во нападот на „црвено-црните“ ги чинеле премногу.



- Монпелје одиграа перфектен и фантастичен ракомет против нас. Цел меч ние правевме грешки, а кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката. Во второто полувреме бевме подобри, имавме шанса да победиме, но Монпелје едноставно беше подобар од нас во клучните моменти. Честитки за играчите, горд сум на нив. Четири години минавме заедно, немам лоши зборови, изјави Раул на пресот по мечот вчера.

Бекот на македонскиот тим, Иван Чупиќ ја потврди супериорноста на противникот и додаде дека Монпелје заслужено е во финалето.

- Монпелје беше подобар од нас за тој еден гол. Ние почнавме со многу проблеми, примивме голови преку контра, најмалку седум до осум гола. Тоа не смее да се случува на вакви мечеви. Се вративме некако во мечот, но Монпелје заслужи да биде во финале. Треба да се одмориме и да се обидеме да се оддолжиме на нашите навивачи за овој пораз со позитивен резултат на мечот против ПСЖ, изјави Хрватот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...