Бекер поради долговите предизвика и дипломатски скандал

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер предизвика дипломатски скандал од кој се засегнати Велика Британија и Централноафриканската Република (ЦАР).

Тој се повика на дипломатски имунитет со цел да ги избегне тужбите против него, откако прогласи банкрот.



Наводно Бекер во април бил назначен за британски аташе за спорт, културни и хуманитарни прашања во ЦАР и според неговиот адвокатски тим тоа го штити од овие тужби.

Меѓутоа, било утврдено дека неговиот дипломатски пасош е фалсификат, а тоа го потврди и министерот за надворешни работи на ЦАР, Шарл Армел Дубан.

- Потписот на пасошот не е мој, а бројот е од серија која е печатена во период на транзициската влада од пред четири години. Копијата на пасошот на Бекер што ја видов низ социјалните медиуми, изгледа како многу наивно изработена копија, истакна Дубан.

Поранешниот тенисер, но и неговите адвокати, се уште се немаат произнесено за обвинувањата за лажниот дипломатски пасош, кој според информациите од ЦАР е направен за време на граѓанската војна во оваа земја во периодот од 2012 до 2014 година.

Бекер, кој живее во Велика Британија, прогласи банкрот во јуни 2017 година и во обид да ги намали долговите продаде некои од трофеите кои ги освоил, вклучително и оние од „Вимблдон“.

Тој ја критикуваше стечајната постапка и изјави дека во оваа ситуација го довеле бирократи и банкари, кои сакале да му наштетат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...