Шампионите на Ју Ес Опен ќе земат по 3,8 милиони долари

Наградниот фонд на Ју Ес Опен достигна рекордно високо ниво. Откако минатата година тоа стана првиот тениски турнир кој распределува над 50 милиони долари меѓу учесниците, за оваа сезона износот се зголемува до 53 милиони.



Тоа е за над 5 отсто повеќе во однос на 50.4 милиони долари што беа обезбедени во 2017 година. Наградниот фонд во турнирот се зголеми за 57 отсто во изминатите пет години, посочува Американската тениска асоцијација.

Мажите и жените шампиони ќе заработат по 3,8 милиони долари, што е за 100.000 долари повеќе од надоместокот минатата година. За поразените во финалето се предвидени 1,85 милиони.

Тимовите, кои играат во двојки, ќе добијат по 700.000 долари. Ју Ес Опен ќе се одржи од 27 август до 9 септември. Оваа година е посебна за организаторите, бидејќи ќе ја одбележат 50-годишнината од турнирот.

Тие потсетија дека во 1973 година тоа стана првиот турнир во тенисот, кој предложил еднаков награден фонд кај жените и мажите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...