Федерер: Морам да стигнам до четвртфинале за да си ги покријам трошоците

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер секогаш патува со голем тим и семејството на турнирите, па затоа честопати не му се исплаќа учеството на некои турнири.



Во споредба со поголемиот дел од играчите, околу Швајцарецот на турнирите има огромен број на луѓе, а тоа често создава дополнителен притисок.

- Тимот ми е многу важен, јас секогаш сум се чувствувал дека си добар онолку колку што се добри членовите на твојот тим. Имам огромен тим, понекогаш тоа може да направи притисок, бидејќи морам да стигнам до четвртфиналето за да ги покријам барем трошоците, рече Федерер.

Сепак, Федерер не гледа на притисокот како на лоша работа.

- Кога не би бил нервозен, тоа би значело дека веќе не ми е гајле. Притисокот не може да се избегне, ние не сме роботи, ние сме човечки суштества, понекогаш со доволно доверба, понекогаш со премногу. Ни тоа не е добро нешто, мора да пронајдеш баланс, смета Роџер.

Федерер беше елиминиран во четвртфиналето на „Вимблдон“, па барем неговото патување во Лондон не беше трошок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...