Skopje Run 10K и СОС Детско село ja потикнуваат хуманоста преку #СекојКилометарЗначи

Трчањето во Скопје, станува секојдневие. Огромен број заинтересирани учесници добиваат можност да истрчаат десет километри за хумана цел.

Секоја година сѐ поголем број на луѓе се впуштаат во спортот, посебно во трчањето. Неговата популарност се вивна со Виз Ер Скопскиот маратон, кој руши рекорди. За да се продолжи ова движење во текот на целата година, тимот на Сојуз на спортови на Град Скопје ја организира втората по ред трка, Skopje Run 10K во недела, 07 октомври 2018 година, на бул. Илинден во Скопје.

Пријавувањето започна во јуни и поради големиот интерес СОС Детско село и Skopje Run 10K одлучија да ги поместат границите на конвенционалното. Тие започнуваат ново хуманитарно поглавје со кампањата #СекојКилометарЗначи. Со оваа акција секој што има желба (учесник, поддржувач или љубител на спортот и мисијата на СОС Детско село) ја има можноста да купи dry – fit маица, 100 денари од секоја продадена маица ќе бидат за СОС Детско село.

За повеќе информации за тоа како може да станете дел од #СекојКилометарЗначи може да ги посетите официјалните страни на Skopje Run 10K и СОС Детско село на:

http://www.sos.mk/

http://skopje.run/

https://www.facebook.com/SkopjeRun/

https://www.facebook.com/detskoselomkd/

За тие кои сакаат да се пријават или да купат маица и со тоа да станат дел од приказната може да го посетат партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/, да направат профил, да ја изберат Skopje Run 10K трката и да си го одберат продуктот, маица.



Во склоп на оваа активност, желба за учество изразија и голем број на познати личности од Македонија, за кои јавноста дополнително ќе биде информирана, која ќе им биде задачата. Организаторите порачуваат: „#ТрчајСоСрце и секој чекор нека е за иднината на децата од СОС Детско село. Сите заедно да го забрзаме чекорот кон својата хуманост за навистина да докажеме дека секој километар значи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...