Џошуа: Мечот со Поветкин ќе биде потежок од оној со Кличко

Њујорк, 21 септември 2018 (МИА) - Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите Меѓународна боксерска федерација (ИБФ), Светска боксерска асоцијација (ВБА), Светска боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) Ентони Џошуа очекува претстојниот натпревар против Русинот Александар Поветкин да биде потежок од натпреварот против Владимир Кличко, но да заврши со сличен резултат.

Дваесет и осум-годишниот Џошуа го нокаутира Кличко во април 2017 година во дуел, кој се одржа на „Вембли“. Сега Џошуа се враќа на стадионот, за да бара 22-ра победа во 22-от натпревар во професионалната кариера. Триесет и девет-годишниот Поветкин загуби од Кличко во Москва во 2013 година, што е единствениот негов пораз на професионалниот ринг.

- И двајцата бевме надвор од рингот за некое време, но сега се качуваме повторно на него со Александар Поветкин. Очекувам исти тип борба, како против Кличко. И двајцата сме со големо срце и силен карактер. Го покажавме тоа против Кличко и затоа сме тука сега. Очекувам одличен натпревар во сабота. Тој е вистински борец, знае што прави. Има голема тензија, но таква е реалноста", рече Џошуа на прес-конференција, кој ќе биде поддржан од 80 илјади гледачи.

Поветкин, пак, изјави дека е посилен и се наоѓа во подобра форма отколку пред натпреварот со Владимир Кличко пред пет години.

- Јас сум во многу добра форма, спроведов одличен тренинг камп. Џошуа е еден од најсилните боксери во светот во тешка категорија. Затоа сум среќен што имам можност да бидам во рингот против него и сакам да им подарам на навивачите убав натпревар. Оваа средба ќе покаже сѐ, Ентони е силен боксер, но и јас сум силен. Кога се борев со Кличко, бев слаб и се наоѓав во полоша форма отколку што сум во моментов, рече Поветкин на прес-конференцијата.

Русинот има 34 успеси (24 со нокаут) во 35 натпревари, а неговиот единствен пораз е на поени од украинската легенда Владимир Кличко во октомври 2013 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...