Брестовац: Последниот напад го вежбавме на тренинг, како да знаевме дека ќе ни треба

По средбата со Вардар, тренерот на Металург, Данило Брестовац, беше разочаран затоа што што неговите избраници во клучни моменти не се придржуваа до договореното на тренинг.

– Во континуитет игравме добро, но тоа што ми пречи е фактот дека не се придржуваме до техничко-тактичките работи кои ги вежбаме и објаснуваме на тренинзи. Не знам дали се работи за младоста и неискуството на моите ракометари или, пак, се работи за нешто друго. На пример, знаеме дека Скубе, ако прими топка од десна страна, ќе даде гол. Исто и Карачиќ, знаеме како ќе игра, но пак не го сопревме. Ми сметаше и последниот напад, како да знаевме дека ќе се случи оваа ситуација, па го вежбавме на тренинг ден пред мечот, истакна Брестовац.

Тоа што го кажа тренерот го потврди Томислав Јагуриновски.

– Одигравме еден коректен натпревар, но некои работи што ги работиме на тренинг, не ги применивме на овој натпревар. Не знам дали тоа се случува затоа што сме млади. Правевме доста грешки и ќе мораме уште многу да се поправиме.

Вардар победи со 27:26 и му го нанесе осмиот пораз на Металург кој остана на само една победа и еден нерешен резултат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто втори февруари го викаат педерски празник? Зашто на хрватски се вика "Други - другога ..."
Се шета лисицата низ шумата, мртва - гладна, кога од една грмушка слуша...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен-Охрид (Отешево-Трпејца, преку...
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Кенија
1642. - Холандскиот морепловец Абел Тасман го...
1821.- Во Руан е роден Гистав Флобер, француски...
1922. - Во Бенешов, кај Прага, е роден Франтишек...