Пародно: Ни требаа бодовите и победивме

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо рече дека и покрај лошиот натпревар најважно е дека се освоени бодовите на дуелот со Металург во СЕХА-лигата.

Вардар победи со 27:26 и повторно се врати на врвот на табелата со 24 бода.



– Најважно е дека победивме. Потребни ни беа овие бодови, па затоа сме задоволни. Моја грешка е што одигравме лош натпревар. Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Кјелце, за да немаат притисок. Затоа игравме со поинаков состав, истакна предводникот на „црвено-црните“.

На голот на Вардар беше младиот Марко Кизиќ кој со неколку добри одбрани кога се „кршеше“ резултатот има заслуга за победата.

– Секогаш кога се игра со Металург натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога и постоеше притисок. Се обидовме да прикажеме најдобро и на крај победивме. И јас добро се подготвував за овој натпревар, вели Кизиќ.

Металург остана на само една победа и еден нерешен резултат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...