Мекинро: Мареј повторно ќе биде во топ 10 за девет месеци

Поранешниот тениски ас Џон Мекинро смета дека Енди Мареј може да го повтори успехот на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и повторно да се најде на врвот на светскиот тенис.



По речиси една година надвор од терените поради повреда на бутот и операцијата што следуваше, Мареј се врати на терените во јуни годинава, но по делумните успешни настапи предвреме ја заврши сезоната, за да може да се подготви и да се врати максимално подготвен за 2019-та.

– Тој е еден од најдобрите играчи во последните 10 години. Ако е повторно на 100 отсто или барем блиску до тоа, очекувам да се врати во првите 10 во наредните шест до девет месеци. Гледајте што направија Федерер на 36, Надал… Ѓоковиќ одеднаш се претвори во стариот Ѓоковиќ оваа сезона, па сигурен сум дека Мареј го гледа тоа и си мисли: „Способен сум да направам нешто слично“, изјави легендата на светскиот тенис.

Во отсуство на Мареј, прв рекет на Велика Британија стана 23-годишниот Kајл Едмунд. Тој дојде до полуфиналето на Австралија Опен и го освои својот прв АТП трофеј, завршувајќи на 14-тото место на листата.

– Топ 10 е реална цел за него, но тој ќе чувствува многу тензија во почетокот на сезоната. Ако не се справи со неа, тој ќе испадне од топ 20. Тој мора да биде емотивно стабилен, знаејќи дека сезоната допрва претстои, додаде Мекинро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...