Парондо: Треба да ги распоредиме силите, сезоната е долга

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Роберто Парондо, во интервју за клупскиот сајт ги искажа своите видувања за постигнатото на „црвено-црните“ во годинава што изминува.



-Имавме проблеми со повреди и секако дека и тоа имаше влијание. Пред почетокот на сезоната при рангирањето на тимовите Вардар го немаше на листата, а играчите за тоа зборуваат и сакаа да покажат дека тоа е грешка. Така и беше имавме одличен почеток на сезоната. На последниот меч од СЕХА лигата во Букурешт игравме без осум играчи. Тоа не е најдобриот тим. Последните три мечеви сакавме да им дадеме шанса на сите, бидејќи се гледаше заморот. Сезоната е долга и ни требаат сите играчи. Треба некогаш и да се мисли на тимот да може да се издржи целата сезона да се одигра доволно да се победи, вели Парондо.

Посочи дека одбраната на тимот му создавала најмногу предизвици.

- Неколкумина играчи што играа одбрана си заминаа, а новите што дојдоа не играле на тие места. Затоа требаше да се усогласат сите работи, да се најде место за секој играч. Сакавме сите да бидат подготвени што е можно побрзо и подобро. И мислам дека добро успеавме иако нормално секогаш треба да се работи, истакна меѓу другото, предводникот на Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...