Брестовац: Не ми се допадна тоа што го видов од играчите

Тренерот на Металург, Данило Брестовац по вчерашниот убедлив пораз од Загреб со 24:36 (10:15) во Скопје во меч од СЕХА лигата, изрази разочарување од неубедливата игра на неговите ракометари и нивното недоволно залагање на средбата.

– Загреб заслужено дојде до победа. Не ми се допадна тоа што го видов од играчите. Имавме слаба агресивност и подвижност. Малку трчавме и не се враќавме. Имавме и многу технички грешки. Имаме доста повредени играчи и тешко го одигравме второто полувреме. Во моментов СЕХА-лигата не ни е приоритет и овие бодови немаше ништо да ни значат. Во Франција со добри противници игравме многу подобро и поразновидно. Денеска како да бевме отсутни и деконцентрирани, изјави тренерот на „металурзите“ на пресот по мечот.

Тој додаде дека ќе се обидат да ги коригираат работите до следниот натпревар, кој е на програмата по три седмици против Стеауа во регионалната лига.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...